
Во текот на последниот ден од годината во Македонија ќе преовладува сончево со умерена облачност и тивко време. По котлините од утрото има појава на магла која околу пладневните часови ќе се намалува, а во вечерните и особено во ноќните часови повторно ќе се формира.
Утринските температури се движат меѓу минус 4 и 2, додека и денеска максималните дневни ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината и соодветено ќе се движат во интервелот меѓу 9 и 14 Целзиусови степени.
Во Скопје и Скопската котлина претпладнево има појава на магла, која околу пладне ќе се намали, а во вечерните часови и особено во текот на ноќта повторно ќе се формира густа магла. Температурата преку денот ќе се искачи до 9 степени.