
Претседателот на Русија, Владимир Путин може да се состане со украинскиот колега Петро Порошенко на самитот во Италија, кој ќе се одржува на 16 и 17 октомври изјави Јуриј Ушаков.
Путиновиот советник за надворешна политика, додаде дека Кремљ работи на тоа на средбата да присуствуваат и германската канцеларка Ангела Меркел, како и претседателот на Франција, Франсоа Оланд, пренесува Танјуг.
Путин и Порошенко се сретнаа во јуни на церемонијата за одбележување на „Денот Д“ во Нормандија, како и во август во Минск кога разговараа за конфликтите во Источна Украина.
Во Италија ќе биде одржан дводневен азиско-европски самит, а освен Путин кој го потврди своето доаѓање се очекува да присуствуваат и Ангела Меркел и Дејвид Камерон.