Шолц: Германија може да се справи со претстојните предизвици

Германскиот канцелар Олаф Шолц во своето новогодишно обраќање изрази оптимизам дека Германија ќе може да се справи со геополитичките и економските предизвици во наредната година, па ја повика нацијата да ги прифати промените.

„Можеме да се справиме со пречките“, вели социјалдемократскиот лидер во својот новогодишен говор пред нацијата. „Ова не ги намалува предизвиците на нашето време“, се вели во текстот на неговиот говор објавен ден однапред.

„Разбирањето дека сите се потребни не прави силни“, рече Шолц. „Врвен истражувач, како и геријатриска медицинска сестра, полицајка, како и породувач, пензионер, како и млад практикант“. „Ако го разбираме тоа, ако така се однесуваме едни со други, не треба да се плашиме за иднината“, тврди канцеларот.

Шолц зборуваше за грижите на Германците: „Штом заврши пандемијата на Ковид-19, Русија ја започна својата неуморна војна во центарот на Европа“. „Набргу потоа, во средината на 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин го прекина гасот за Германија, предизвикувајќи енергетска криза во најголемата европска економија“, вели Шолц во своето толкување на случајот со прекин на дотокот евтини руски енергенси на кои се темелеше со децении економскиот раст на Германија.

Меѓутоа, Шолц не ги спомена експлозиите на гасоводите Северен тек со кои дефинитивно беа прекинати испораките на рускиот природен гас во Германија и Европа, ниту санкциите на Западот против Русија насочени токму на руските енергенси.

„После тоа, оваа есен, се случи брутален терористички напад на Хамас врз Израел. Нашиот свет стана нестабилен и суров“ и „се менува со неверојатна брзина“, рече Шолц, нагласувајќи дека затоа мора да се промени и Германија. За некои тоа е и причина за незадоволство. Го земам тоа при срце. Но, во исто време знам: ние во Германија ќе го надминеме тоа“, продолжи канцеларот.

Претходно снимениот говор на Шолц ќе биде емитуван во целост на германската телевизија во неделата навечер. Во него вели и дека сака значително да инвестира во иднина, особено во транспортната инфраструктура.

Последните анкети покажуваат дека мнозинството Германци се незадоволни од раководството на Шолц и дека расте поддршката за екстремната десница, која расте на бранот висока инфлација и стравувањата од миграција, пишува агенцијата DPA.