Тричлено семејство од Босна и Херцеговина изврши колективно самоубиство во саботата ноќта, а медиумите во неделата објавија дека биле поттикнати од тагата поради смртта на нивната внука односно ќерка, која имала леукемија.
Невидената трагедија се случила во селото Добрљин кај Нови Град (Босански Нови), каде полицијата во семеен дом пронашла безживотни тела на две жени и еден маж со тешки повреди. Извештајот на очевидците откри дека мажот со огнено оружје убил две жени, а потоа самиот се обидел да се самоубие. Тој починал на пат кон болница.
Истрагата покажала дека убиените се мајката на З.З и ќерката на Љ.К., а нивниот убиец односно самоубиец е синот иденификуван со иницијалите Ж.З.
Како што јави Алтернативна телевизија од Бања Лука (АТВ), истражителите во куќата пронашле дури седум проштални писма до други членови на семејството и до пријатели, од кои се чини дека тројцата решиле да го направат овој чин откако тешко болната внука односно ќерка на Љ.К почината во мај.
„Во писмата навеле кој и каде ќе ги погреба… Покрај писмата оставиле и банкарски картички, и ги напишале пиновите за да може да се подигнат пари за погребните трошоци“, цитира АТВ извор близок до истрагата.
Три дена пред да си ги одземат животите, нарачале и три ковчези во кои ќе ги погребаат.
Се претпоставува дека пред убиството и самоубиството сите тројца вечерале, пиеле ракија, се истуширале и се пресоблекле, ја заклучиле вратата а од бравата го извадиле клучот за подоцна да може се влезе во куќата.