Најновиот осомничен, 41-годишен Германец со турско потекло, беше приведен синоќа во западниот град Бохум во Северна Рајна-Вестфалија.
Полицијата вчера наутро приведе три лица, а минатата недела еден осомничен маж. Сите уапсени наводно припаѓаат на поголема исламска екстремистичка мрежа.
Четворица осомничени беа приведени во различни градови низ Северна Рајна-Вестфалија, а лицето уапсено минатата недела беше идентификувано како 30-годишен Таџикистанец.
Според локалните медиуми, постоело сомневање дека нападот бил планиран да се изврши на новогодишната ноќ со автомобил со експлозив. Надлежните поради ризикот, ги зајакнале безбедносните мерки во Келн.