Температурите во Северна Европа паднаа под минус 40 Целзиусови степени, првпат од 2021 година, објави во вторникот Шведскиот метеоролошки институт SMHI.
Во некои делови од северна Шведска, како што е североисточниот град Умеo, температурите паднаа на најниско ниво во последните 12 години. До четврток, сите патнички железнички линии што сообраќаат северно од Умео се запрени, поради зголемените безбедносни ризици предизвикани од студот, објави телевизијата SVT.
Според SMHI, подрачјето со висок притисок во моментов носи екстремно студен воздух во североисточна Шведска и северна Финска. Во Никалуокт кај Кируна, на северот на Шведска, забележани се температури и до минус 41,6 Целзиусови степени.
Најниски температури во Шведска овој век се забележани во февруари 2001 година, кога во Сторб се забележани минус 44 Целзиусови степени.
Температурите значително се намалија и во соседна Финска. Низ целата земја се забележани температури меѓу минус 20 и минус 30 степени, објави во вторник Финскиот метеоролошки институт. Во делови од централна и северна Финска се прогнозира температурите да се спуштат и до минус 40 степени во следните неколку дена.