Променливо облачно, по котлините магливо

Во најголемиот дел од земјата во петокот ќе преовладува претежно облачно време, наутро особено долж Повардарието со појава на магла.

Попладне облачноста ќе се зголеми. Преку денот ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринските температури се во интервалот од минус 2 до 3, додека соодветно максималните дневни ќе се движат од 8 до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска претпладнето ќе биде претежно магливо, околу пладне маглата делумно ќе се намали, а температурата ќе достигне до 9 степени.