Осми традиционален коњички марш во Ѓорче Петров

На 7 јануари – Божиќ традиционално ќе се одржи Коњичкиот марш кој веќе осма година по ред се организира на територија на Општина Ѓорче Петров со поддршка од локалната самоуправа.

Стартот на маршот е најавен за 10 часот од бензинската пумпа во Ново Село. Крајната дестинација е Кучково, но претходно коњаницата ќе помине и низ Волково, односно околу 10:30 часот каде е предвидено учесниците да бидат пречекани со македонска народна музика.

Во Кучково, односно на сред село се очекува учесниците на маршот да пристигнат околу 11 часот. Од тука предвидено е да се се упатат до црквата Св.„Ѓоргија“ во Кучково каде на пладне ќе биде поставена традиционална божикна трпеза.

Општина Ѓорче Петров ги поканува сите ѓорчепетровци да бидат дел од оваа традиционална манифестација и да се придружат на предвидените места на убава дружба и заедничка веселба по повод празничните денови.