
Во саботата во Мекдонија ќе преовладува променливо облачно врме, по одделни котлини утрово има услови за појава на магла, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд.
Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час).
Утринските температури се движат од 0 до 6, додека соодветено максималмните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 8 и 14 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со појава на утринска магла. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Температурата ќе се искачи до 11-от степен.