
Претставникот на Европската унија за заедничкa надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, предупреди во саботата дека Либан би можел да биде вовлечен во регионален судир, доколку се прошири војната на Израел против палестинската исламистичкo движење Хамас во Појасот Газа
Борел во текот на посетата на Либан изјави дека е неопходно да се избегне регионална ескалација на судирот на Блискиот исток, и предупреди декаа никому нема да му биде од полза регионалната војна.
Шефот на ЕУ-дипломатијата зборуваше на прес-конференција со либанскиот премиер Наџиб Микати по разговорите со највисоките владини функционери за случувањата во и околу Појасот Гаа, вклучително и последиците од војната и ситуацијата на израелско-либанската граница.
Израелската армија е ангажирана во постојани борби со единиците на Хезболах во јужен Либан, откако исламистичкиот Хамас кое дејствува во палестинската енклава Појасот Газа ја нападна граничната област во јужен Израел на 7-ми октомври.
„Гледаме загрижувачко јакнење на размена на огнот по должината на Сината линија“, рече Борел.
Моменталната линија на разграничување на двете држави се нарекува Сина линија, а ја претставува линија до коај израелските сили се повлекоа откако решија да го напуштат јужен Либан по војната во 2000 година со шиитското движење Хезболах, со кое Израел водеше уште една тешка војна во 2006 година која резултираше со големи политички поместувања на израелската политичка сцена.
Сепак, Борел не го коментираше убиството на шефот на полтибирото на Хамас, Салех ал-Арури, претходно седмицава изведено со беспилотно летало во јужно предградие на либанската престолнина Бејрут, за што сите сомневања се насочени кон Израел кој порача дека ќе ги убива челниците на палестинското движење и во странство, но досега не се огласи во врска со овој напад.
Борел, исто така, не ги коментираше ниту изјавите на началникот на Генералштабот на израелската армија, Херци Халеви, кој рече дека израелските сили се „сѐ поподготвени решително да ја прошир својата борба против шиитската милиција Хезболах“ во Либан.
„Денеска одобривме различни планови за иднината и мораме да бидеме подготвени за офанзива доколку е потребно… Израелските одбранбени сили и во нивните рамки Северната команда се на многу високо ниво на подготвеност“, рече Халеви во средата за време на посетата на воениот штаб во северниот израелски град Сафед.
Претходно во вторникот поранешниот израелски министер за надворешни работи и за одбрана а сега опозиционер Авигдор Либерман изнесе предлог Израел да заземе територија од соседен Либан којашто воено ќе ја контролира со години за да направи своевидна тампон зона и да ги отфрли борбените позиции на либанското шиитско движење Хезболах подалеку од израелската граница.