Денеска почина Мирослав Живановиќ – Пиле, фронтмен на групата „Алиса“, јавуваат медиумите од Србија.
Неговиот брат ја сподели тажната вест на социјалните мрежи.
-Драги пријатели, со голема тага ве известувам дека денеска почина мојот пријател, брат и водач на нашиот бенд „Алиса“, Мирослав Живановиќ – Пиле. Почивај во мир пријателе мој со твојот ангелски глас, достоен за рајот, напиша братот на Пиле.