![donald tramp gard](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/03/donald-tramp-gard.jpg?resize=678%2C381&ssl=1)
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во саботата на митинг во сојуната држава Ајова изјави дека на годинешните избори сигурно ќе го победи актуелниот станар на Белата куќа, Џо Бајден, кого го смета за „најлошиот претседател во историјата“.
Токму на третата годишнина од упадот на неговите приврзаници на Капитол, Трамп одржа два митинга во Ајова, малата американска држава на Средниот запад, која на 15. јануари е првата што ќе ги започне републиканските прелиминарни избори за претседателска номинација на партијата.
Републиканскиот милијардер, кој е убеден во реизбор во ноември и покрај четирите кривични пријави, ќе се соочи со гласачите за осум дена првпат по ненадејното напуштање без вообичаените церемонии на претседателската функција на 20. јануари.
Во долгиот говор Доналд Трамп ги уверуваш своите приврзаници во Ајова дека „ќе победи по третпат“ на претседателските избори во ноември. Имено, тој никогаш, како и неговите поддржувачи, не го призна поразот на изборите пред четири години и тврди дека Бајден и неговите демократи му ја „украле“ победата.
Опишувајќи го Џо Бајден како „најлошиот“ претседател во историјата на Соединетите држави, Трамп им рече на бројните поддржувачи дека земјата е во длабока рецесија и се заканува со нова голема депресија. Себеси се смета за последна шанса за спас.
И покрај сите контроверзии, анкетите му даваат на Трамп големо водство пред неговите двајца најголеми републикански противници, Ники Хејли и Рон ДеСантис. Во Ајова и многу конзервативни држави ширум земјата, тој има многу лојална база што ги оглувува неговите ескапади и правни проблеми.