
Едно лице загина, а едно е тешко повредено во пожар кој што се случил во стан на 20-от кат во централниот дел на Менхетн, во Њујорк.
Портпарол на противпожарните служби, Дени Гловер, рекол дека пожарот, кој избил на 20-от кат, е ставен под контрола.
Се’ уште не се познати причините за избивање на пожарот. Според Гловер, чадот од запалениот апартман се проширил и на неколку станови во непосредна близина.
Две лица со сериозни повреди се хоспитализирани, по што едно од нив починало, соопштила тамошната полиција.