Скандалот во М-НАВ е слика на владеењето на СДС и ДУИ

„Скандалот во М-НАВ е сликата за Македонија како е кога СДС и ДУИ се власт, потребно е да се стави крај на партизираноста на правосудството, никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме“ – оценува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Коалицијата СДС – ДУИ која што се претставува како Европски фронт врши упад во контролна кула на М-НАВ и тепа вработени кога во моментот 40-тина авиони се над градот, а притоа не се казнуваат истите. Во држава каде што има нормална власт сторителите би биле во затвор веднаш.

Но, затоа овој скандал кој што е од меѓународни размери единствено за СДС и ДУИ претставува ситен криминал.

Македонската јавност заслужува да знае дека:

– Четворица напаѓачи организирани од ДУИ ги нема, МВР не знае каде се;

– Оние од ДУИ однесени пред суд се пуштени без притвор од судија кој што исто така е близок на ДУИ;

– Обвинителство и судот си ја префрлаат топка, ОЈО барало притвор поради „Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај”, а судот на ДУИ тврди дека немало докази;

– Тепаниот е приведен на граница, за него имало наредба да биде апсен;

– Едниот од напаѓачите веќе требало да е во затвор за друго дело, но не е;

– Главниот напаѓач, функционер на ДУИ ќе оди на работа во контролната кула, кај тепаните и оние што со банда дошол да ги тепа пред неколку дена;

– Обезбедувањето миленик на ДУИ, соучесник во упадот, продолжува со работа, иако пуштило неовластени лица, и оние што не се на смена во контролна кула за да тепаат, додека авиони кружат над Скопје!?

– Власта сè уште молчи со цел да обезбеди недопирливост за себе и за бандите.

Правосудните институции во државата се партизирани и работат по наредба на ДУИ и СДС. Време е истите тие институции да се ослободат од канџите на оваа криминална власт и да започне да функционира правосудниот систем во Македонија. Македонија треба да престане да е роб на криминалците од СДС и ДУИ. Време е да се случат промените во државата. Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.