Данското кралско семејство објави детални планови за абдицирањето на кралицата

Данското кралско семејство објави детален план за долгоочекуваната промена на монархот по 52 години во текот на претстојниот викенд, како што објави на крајот од штотуку изминатата година самата кралица Маргарета Втора.

Рано во недела попладне, кралицата Маргарета Втора која се повлекува од престолот, и нејзиниот син, престолонаследникот Фредерик кој ќе стане новиот крал на Данска, ќе отпатуваат од кралската резиденцијаво дворецор Амалиенборг до дворецот Лристијансборг, кој е седиште на данската влада, се вели во соопштението.

Маргарета ќе патува со кочија во 13,37 часот, додека Фредерик ќе патува со автомобил со сопругата Марија и најстариот син принцот Кристијан, кои ќе пристигне две минути порано, се додава во објавениот распоред на церемонијата.

На состанокот со владата, кралицата потоа ќе ја потпише декларацијата за абдицирање.

Во тој момент, на престолот стапува новиот владетел, а Маргарет се враќа во дворецот Амалиенборг околу 14,15 часот. Во 15 часот, новиот крал Фредерик Десетти ќе се појави на балконот на дворецот Кристијансборг, по што премиерката Мете Фредериксен официјално ќе ја објави промената на монархот, се вели во соопштението за печатот.

Фредерик потоа треба да одржи говор пред граѓаните, кој ќе го заврши со неговото мото.

Ќе следи топовска салва во пристаништето во Копенхаген, додека во исто време кралското знаме ќе биде спуштено во резиденцијата на Маргарета и подигнато во резиденцијата на Фредерик.

Во 15,30 минути, новиот крал и кралицата ќе бидат однесени со кочија назад во дворецот Амалиенборг, се вели во соопштението.

Илјадници Данци се очекува да ги поздрават новиот крал Фредерик и кралицата Марија на таа рута.

 

Кралицата Маргарета Втора, на 83-годишната возраст, која го презеде данскиот трон во 1972 година, е најдолговечниот европски монарх по смртта на британската кралица Елизабета Втора во септември 2022 година. Во февруари таа успешно го оперираше ‘рбетот.

Кралицата Маргарета, родена во 1940 година, цел живот ужива во широката поддршка на Данците, кои ја сакаат нејзината тактичност и креативност.

Во Данска, формалната власт ја имаат парламентот и владата. Се очекува монархот да биде над партиската политика и да ја претставува нацијата со традиционални функции како што се државни посети и прослави на националните празници.