Во Казахстан од птичји грип угинаа 700 лебеди

Отруени животни на брегот на Охридското Езеро
Отруени животни на брегот на Охридското Езеро

Околу 700 угинати лебеди се најдени во природниот резерват во Казахстан, каде има и други ретки и загрозени видови, соопштија денеска локалните власти.
– Од 21 декември до 8 јануари, вкупно 675 мртви лебеди беа откриени на езерото Каракол, природен резерват во близина на Каспиското Море во западен Казахстан, соопшти Министерството за животна средина.

Лебедите угинале од птичји грип. Испратени се експерти за да се обидат да им помогнат, но секој ден се пронаоѓаат по десетици мртви птици.

Во минатото, еколошките активисти постојано изразуваа загриженост за еколошките проблеми во таа област од западен Казахстан, вклучувајќи го и загадувањето на воздухот и на водата, како и зголемувањето на сушните површини.