Поранешниот полски министер започна штрајк со глад во затвор

Поранешниот полски министер за внатрешни работи Мариуш Камински, осуден и приведен во вторникот под обвинение за злоупотреба на службената положба на таа позиција, започна штрајк со глад, изјави тој во средата.

„Објавувам дека мојата пресуда ја сметам за чин на политичка одмазда. Како политички затвореник почнав штрајк со глад од првиот ден од затворот“, се вели во изјавата на тој политичар од листата на конзервативната партија Право и Правда (PiS), која ја прочита неговиот поранешен заменик Блажеј Побози на прес-конференција во пред кабинетот на премиерот.

Полицијата во вторникот влезе во претседателскиот дворец, спроведувајќи судска наредба за приведување на поранешниот министер министер и неговиот заменик, што претставува нова ескалација на конфликтот меѓу новата влада и шефот на државата Анджеј Дуда.

Двајцата политичари присуствиваа во дворецот на церемонијата за именување на советниците на претседателот. Тие се обвинети во корупциски случај поврзан со пренамена на земјоделско земјиште во градежно уште во 2015 година, потсетуваат полските медиуми.

Дуда го помилуваше Мариуш Камински во 2015 година, неколку седмици по доаѓањето на власт на PiS, откако Камински беше осуден за злоупотреба на власта во претходната функција, што му овозможи да стане министер за внатрешни работи. Правните стручњаци го поставија прашањето дали претседателот Дуда може да го помилува пред апелациониот суд да донесе конечна одлука. Врховниот суд минатата година одреди дека случајот треба повторно да биде отворен, а во декември Камински и неговиот заменик Мациеј Васик беа осудени на две години затвор за злоупотреба на службената положба.

Премиерот Доналд Туск откако успеа да формира парламентарно мнозинство и да ја презема власта по осумгодишното владеење по изборите во октомври најави дека ќе ја смени политиката на PiS, конзервативната националистичка партија често беше обвинувана за поткопување на демократијата за време на нејзиното осумгодишно владеење.

Притворот на двајцата пратеници, Камински и неговиот поранешен заменик Мациеј Васик, е последниот во серијата судари во, најверојатно, многу долг период на кохабитација меѓу двете гранки на власта. Мноштво демонстранти се собраа во вторникот вечерта пред претседателската палата, а потоа и пред полициската станица каде беа приведени Камински и Васик, откако претходно протестираа со цел да ја запрат владината смена на уредувачкиот тим во полската јавна телевизија.