Меѓународната организација на трудот (МОТ) објави дека бројот на невработени во светот ќе се зголеми во оваа година за два милиони, што ќе ја зголеми стапката на невработеност на 5,2 отсто од 5,1 отсто во 2023 година.
Ова се наведува во новиот извештај на МОТ: „Глобалното вработување и социјалните перспективи: Извештај за трендовите во 2024 година“.
Се додава дека стапката на невработеност во 2022 година би изнесувала 5,3 отсто.
Во извештајот се наведува дека падот на расположливиот доход во повеќето земји од Г20, како и падот на животниот стандард како резултат на инфлацијата, полека ќе се „компензира“.
„Сѐ уште постои голем јаз меѓу земјите со повисоки и пониски приходи. Сиромаштијата кај вработените најверојатно ќе продолжи да постои“, констатира МОТ во соопштението.
Бројот на работници кои живеат во екстремна сиромаштија (заработуваат помалку од 2,15 американски долари на ден) се зголеми за околу милион минатата година, а на работници кои живеат во умерена сиромаштија (со заработувачка помалку од 3,65 американски долари на ден) е зголемен за околу милион во истата година и достигна 9,4 милиони лица.