Мицкоски на поставување камен темелник за нова градинка во Кисела Вода

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска беше присутен на отпочнување на изградба на нова детска градинка во Кисела Вода.

„Овој објект кој што ќе значи дом за стотина дечиња понатаму. Објект кој што ќе значи нешто во кое што започнуваат најмладите во својот живот да се образуваат, да се дружат, да ги минуваат своите детски години од најраната младост. И објект кој што ќе значи додадена вредност во квалитетот на живот на жителите во овој дел од Кисела Вода. Уште еднаш ќе ми дозволите да му честитам на градоначалникот, на советниците, претседавачот на Советот, пратеникот во Собранието кој што доаѓа од Кисела Вода, за сето она кое што го прават за општината Кисела Вода.

Тој посочи дека за еден месец ќе се објави тендер за изградба на уште една градинка во населбата Расадник, како и за ново основно училиште во населбата Драчево.

„Кога сето ова ќе се заокружи доаѓаме до заклучокот дека најголемиот дел од програмата, и повеќе од тоа што беше ветувано на изборите во 2021 година од страна на градоначалникот, администрацијата на Општина Кисела Вода ќе биде реализирана и испорачана. И тоа заслужува честитки и пофалби. И морам да кажам дека на овој начин само така треба да се продолжи да се гради Македонија. И така ќе ја вратиме довербата кај граѓаните“, кажа Мицкоски.