Еврејските студенти го тужат Харвард поради антисемитизам на кампусот

Еврејските студенти го тужеа прочуениот универзитет Харвард затоа што, како што тврдат, дозволиле нивниот кампус да стане „бастион“ на „неконтролиран“ антисемитизам.

Во тужбата поднесена во средата вечерта, студентите го обвинија Харвард дека „селективно“ ја спроведува својата политика за антидискриминација за да избегне заштита на еврејските студенти од вознемирување, со игнорирање на нивните молби за заштита и дека вработува професори кои поддржуваат насилство врз Евреите и шират антисемитска пропаганда.

„Врз основа на досегашните искуства, незамисливо е дека Харвард би дозволил да која и да друга група освен Евреите да биде цел на слична злоставување или да дозволи, без одговор, студентите и професорите да повикуваат на уништување на која и да е земја освен на Израел“, се наведува во тужбата.

Универзититот кој постои 388 години е обвинет за кршење на американскиот сојузен закон за граѓанските права кој забранува дискриминација.

Тужбата беше поднесена осум дена откако претседателката на Харвард, Клодин Геј поднесе оставка. Таа беше цел на жестоки критики за нејзиниот наводно недоволен одговор на антисемитизмот по нападот на Хамас врз Израел на 7-ми октомври 2023 година. Таа, исто така, набрзо потоа се соочи со обвинувања за наводен плагијат.

Афроамериканката Геј беше присилена да поднесе оставка, откако беше жестоко критикувана во американските мејнстрим медиуми, дека наводно ја „одолговлекувала нејзината осуда“ за нападот на Хамас, како и дека пред Конгресот на 5-ти декември „пропуштила јасно да каже“ дека повикот за геноцид врз Евреите го прекршува кодексот на однесување на Харвард.

Управата на Харвард не одговорика веднаш во четвртокот на барањето на агенцијата Reuters за коментар.

Академските институции ширум светот се соочуваат со спорови околу слободата на говорот и правото на протести од почетокот на војната, како што тврди Израел, меѓу израелската војска и палестинското исломистичко движење Хамас во Појасот Газа, особено за протестите против големиот број цивилни жртви во палестинската енклава. Така, и други високообразовни институции во САД, како што се Универзитетот Њујорк и Универезиттот Беркли, се соочуваат со слични тужби.

Студентитем кој ја поднесоа тужбата во средата, наведуваат дека Харвард „не може безгрижно да седи“ и да дозволи „нападите врз Евреите“ да ескалираат поради „наводната потреба да им се дозволи на луѓето слобода на изразување“.

Тие, исто така, наведуваат дека наводната пристрасност на Харвард се протега и на приемните испите, при што бројот на еврејски студенти наводно опаднал за 60 проценти.
Повеќе од 30 студентски групи на Харвард потпишаа петиција ден по нападот на Хамас на 7-ми октомври, обвинувајќи го Израел. Поради тоа, во тужбата се вели и дека на Харвард „му требало еден ден“ да одговори, нудејќи „флоскули“ но не осуда на петицијата или поддршка за еврејските студенти.

„Харвард, водечкиот американски универзитет, стана бастион на неконтролираната антиеврејска омраза и вознемирување“, се вели во тужбата.

Геј поднесе оставка откако ја одложи нејзината осуда за нападот на Хамас и не разјасни пред Конгресот на 5 декември дека повикот за геноцид врз Евреите го прекрши кодексот на однесување на Харвард.

„Харвард, водечкиот американски универзитет, стана бастион на неконтролираната антиеврејска омраза и вознемирување“, се вели во тужбата.