
Бранителот на титулата во шпанскиот куп Барселона и нејзиниот најголем ривал Реал Мадрид ќе играат во финалето на 40-то издание на шпанскиот фудбалски Суперкуп.
Барселона ја совлада Осасуна со 2:0 во вториот полуфинален натпревар одигран во четвртокот на стадионот КСУ во Ријад, додека Реал Мадрид во средата го победи Атлетико Мадрид со 5:3 по продолженијата.
Барса поведе во 59. минута со голот на полскиот напаѓач Роберт Левандовски, а сите сомнежи околу прашањето на победникот ги реши Ламине Јамал во третата минута од судиското надополнување.
Осасуна имаше две големи прилики за погодок преку хрватскиот напаѓач Анте Будимир. Во 38. минута одлично се ослободи од својот чувар, се проби пред Инаки Пења, но голманот на Барса одлично реагираше. Будимир се закани во 78. минута, но Пења уште еднаш беше подготвен.
Во првото полуфинале, Реал Мадрид го победи градскиот ривал Атлетико со 5:3 по продолженијата во средата. Тоа беше одличен натпревар со осум погодоци, жестока битка по целиот терен и шанси на двете страни. Атлетико поведе, но Реал со два гола го сврте резултатот. Атлетико потоа постигна два гола за нова предност, но „Кралскиот клуб“ повторно израмни и мечот го однесе во продолженијата. Прашањето за победникот конечно беше решено во продолжението со два нови гола на „Лос Бланкос“.
Головите за Реал ги постигнаа Антонио Рудигер (20), Ферланд Менди (30), Дани Карвахал (85), Стефан Савиќ (116-аг) и Брахим Дијаз (120+2), додека за Атлетико стрелци беа Марио Хермосо (7), Антоан Гризман (37) и Рудигер (79-г.).