Брегзит ја чини британската економија 178 милијарди долари годишно

Британската економија се намали за шест отсто по напуштањето на Европската унија, што е годишен трошок од 178 милијарди долари, рече градоначалникот на Лондон Садик Кан. При тоа се очекува дефицитот да достигне 10 отсто до 2035 година.

Кан кој е член на опозициската Лабуристичка партија што гласаше против Брегзит на референдумот во 2016 година, ја основа својата изјава на извештајот што го нарачал од економските консултанти Кембриџ Економетрикс, кои проценуваат колку брзо ќе растеше економијата ако Британија останеше во ЕУ.

– Сега е очигледно дека Брегзит не функционира. Тешката верзија на Брегзит со која завршивме ја влече нашата економија надолу и ги зголемува трошоците за живот, рече Кан.

Лабуристите имаат големо водство пред конзервативците на премиерот Риши Сунак пред изборите, кои тој има намера да ги распише во втората половина на оваа година.

Британскиот Национален институт за економски и социјални истражувања (NIESR) во ноември процени дека Брегзит го намалил растот на економијата за 2-3 отсто, а влијанието се очекува да се зголеми на 5-6 отсто до 2035 година.

Проценката на импликациите од Брегзит се искомплицира со пандемијата СОВИД-19 и тоа само неколку месеци откако Велика Британија официјално ја напушти ЕУ во јануари 2020 година.