Мицкоски: Многу од партиите во власта покажуваат сигнали за приклучување кон ВМРО-ДПМНЕ

„Има сигнали од многу од партиите кои се сега во власта за приклучување кон ВМРО-ДПМНЕ. Ние направивме комисија, таква е процедурата, и во периодот кој следи таа ќе има состаноци со сите политички партии во Македонија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при неговата посета во Општина Вевчани.

Тој истакна дека очекува тие партии да ја прифатат програмата и платформата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Очекуваме да ја прифатат програмата и платформата која ја нуди ВМРО-ДПМНЕ и врз основа на тоа, да ја вратиме Македонија онаму каде и е местото, каква што сакавме да ја видиме во оние рани 90-ти. Да биде победничка Македонија, а не ваква ограбена, понижена и напуштена“, заклучи Мицкоски.