Ракетни напади од Газа и Либан врз Израел на 100-oт ден од војната

На стотиот ден од војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас кои дејствува во Појасот Газа, палестинските милитанти повторно истрелаа ракети од Газа кон Израел, а две лица загинаа во, исто така, ракетен напад изведен кон северните израелски населби од територијата на Либан.

Предупредувачките сирени се огласија во израелскиот пристанишен град Ашдод во близина на палестинските територии, соопшти во неделата израелската војска. Војската првично не даде информации за штети или жртви. Беа издадени и предупредувања за ракетен напад во блиските градови Јавне и Бен Сакаи, објавија израелските медиуми. Наводно, остатоците од ракетата паднале врз Ашдод. Немаше жртви.

Како што израелските вооружени сили напредуваат подлабоко во Појасот Газа, има значително намалување на гранатирањето на Израел од крајбрежната област. Сепак, единиците на Хамас и другите милитантни групи сè уште повремено истрелуваат проектили врз израелската територија.

Два цивила загинале во северниот дел на Израел во неделата, откако противтенковска ракета истрелана од Либан го погодила нивниот дом во град во близина на границата, предизвикувајќи нова загриженост за вториот фронт што избувна во позадината на тековната војна меѓу Израел и Хамас.

Смртоносниот напад дојде на 100-от ден од конфликтот меѓу Израел и Хамас во кој загинаа речиси 24.000 Палестинци, опустоши огромни делови од Газа, протераа околу 85 отсто од нејзините 2,3 милиони жители од своите домови и турна четвртина од населението во глад. Војната беше поттикната од ненадејниот напад на Хамас на 7. октомври во јужен Израел, во кој милитантите убија околу 1.200 луѓе, главно цивили, и зедоа околу 250 заложници, од кои околу половина сѐ уште се во заложништво.

Тензиите се зголемија низ целиот регион, при што Израел раменуваше оган речиси секојдневно со либанското шиитско движење Хезболах, милициите поддржани од Иран кои ги напаѓаат американските цели во Сирија и Ирак и јеменските бунтовници Хути насочени кон бродовите кои се поврзани или пловат кон Израел, предизвикувајќи бран од воздушни напади на САД минатата недела.

Ракетниот напад во неделата дојде ден откако израелската армија соопшти дека убила тројца милитанти кои влегле во Израел од Либан и се обиделе да извршат напад. Водачот на Хезболах, Хасан Насрала, рече дека неговата група нема да запре додека не се воспостави прекин на огнот за Газа.

„Продолжуваме, а нашиот фронт му нанесува загуби на непријателот и врши притисок врз раселените луѓе“, рече Насрала во говорот, мислејќи на десетици илјади Израелци кои избегаа од северните погранични области.

Израел и Хезболах досега беа претпаливи да не дозволат нивните повремени рамени на оган да прераснат во целосна војна и да отворат втор фронт. Но во неколку наврати се доближија до тој момент, последниот пат по воздушниот напад во кој беше убиен висок функционер на Хамас во Бејрут на 2. јануари. Хамас и Хезболах го обвинија Израел за нападот. Последните напади врз Израел, вклучително и смртта на двајца цивили во неделата, ја зголемија веројатноста за нови израелски удари.

Проектилот погодил дом во градот Јувал во северниот дел на Израел, при што загинал маж на 40-годишна возраст и неговата мајка, во 70-те години, соопштија израелските спасувачи. Смртоносниот напад дојде неколку часа откако армијата соопшти дека убила тројца милитанти кои влегле во спорната енклава под контрола на Израел во Голанската висорамнина.

Иако Јувал е еден од повеќе од 40 градови и доселенички населби долж северната граница евакуирани од владата во октомври, израелските медиуми објавија дека семејството останало во областа затоа што работи во земјоделство.

Повеќе од 115.000 Израелци се евакуирани од северен Израел поради тековните тензии. Во Израел, 12 војници и седум цивили загинаа од лансирање ракети од Либан, а повеќе од 170 се повредени. Хезболах објави дека најмалку 150 борци и 20 цивили се убиени во речиси секојдневната размена на оган.