Во вторникот во Македонија во претпладневните часови претежно во западните и северните делови од земјата ќе превладуваат слаби локални врнежи од дожд, а на планините и некои повисоки места со слаб снег.
Во продолжение на денот ќе биде главно променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Утринските темепратури се движат во интервалот меѓу минус 1 и 1, додека максималните дневно соодветно ќе бидат од 2 до 9 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно, во утринските часови со слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 5 степени.