НАТО има три до пет години да се подготви за можна директна конфронтација со Русија, изјави за Тајмс премиерката на Естонија, Каја Калас.
Минатата недела германските медиуми тврдеа дека Берлин се подготвува за непријателства со Русија, кои според нив може да да се случат уште во летото 2025 година. Москва ги отфрли ваквите шпекулации.
Премиерката Калас рече дека естонската разузнавачка служба VLA предвидела временска рамка од три до пет години, истакнувајќи: „Mногу зависи од тоа како ќе управуваме со нашето единство и како ќе го задржиме нашиот став во однос на Украина“.
„Она што Русија го сака е пауза, а оваа пауза е за да ги собере своите ресурси и сила. Слабоста ги провоцира агресорите, па слабоста ја провоцира и Русија“, изјави таа за британскиот весник.
Овој месец, Естонија, која ја дели границата со Русија, вети 1,2 милијарди евра (1,3 милијарди долари) помош за Украина до 2027 година. Минатата недела, украинскиот претседател Володимир Зеленкси ја посети Естонија, како и Латвија и Литванија.
Украинската влада со години тврди дека нејзината борба со Русија била во одбрана на Европа, тврдејќи дека таа ги споделува демократските вредности на Украина.
Американскиот претседател Џо Бајден тврдеше дека Москва може да нападне земји на НАТО, ако ја победи Украина, а во такво сценарио Американците ќе мора да ги бранат Европејците.
На украинската влада и беше потешко да обезбеди помош од Западот, бидејќи нејзините обиди да спроведе контраофанзива против руските сили минатата година не успеаја да донесат значителни територијални придобивки. Дополнително, ЕУ не успеа да одвои средства за Киев поради приговорите на Унгарија.
Москва ги негираше тврдењата на Западот дека нејзиниот конфликт со Киев е империјалистички по природа и има за цел територијално освојување. Според руското раководство, САД и нивните сојузници ги ескалирале тензиите со проширување на НАТО во Европа, кршејќи ги нивните вербални ветувања и покрај руските приговори.
Ветувањето на блокот на крајот да ја прифати Украина и практичните чекори во таа насока по вооружениот пуч во Киев во 2014 година, претставува неприфатлива закана за руската национална безбедност, изјавија властите во Москва.
Извештајот за германските подготовки објавен од таблоидот Билд во неделата се заснова на наводен доверлив документ на Министерството за одбрана, во кој е детално опишано како може да се одвива можна директна конфронтација на НАТО со Русија. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во понеделникот го исмеа предвидувањето, споредувајќи го со хороскопска прогноза.