Бундестагот гласаше против испраќањето на рекетите „Taurus“ на Украина 

Германскиот парламент во средата дoцна вечерта го отфрли предлогот на опозициската демохристијанска унија за снабдување со ракетите со долг дострел „Taurus“ на Украина.

Од 666 пратеници, 178 ја поддржаа иницијативата, 485 беа против, а тројца беа воздржани.

Речиси сите претставници на владејачката коалиција – социјалдемократи, зелени и либерали – го отфрлија предлогот на Христијанско-демократската унија (CDU) и сестринската баварска Христијанско-социјална унија (CSU) да ја испратат оваа модерна ракета од шведско-германско производство во Украина.

На почетокот на јануари, баварскиот премиер и претседател на партијата Христијанско-социјална унија (CSU) Маркус Зедер повика на трансфер на ракетите Таурус во Украина со цел „да не се дозволи Русија да победи“. Претходно истиот предлог го дадоа и пратениците од Бундестагот, Мари-Агнес Штрак-Зимерман (FDP), Сара Нани (Зелените) и Родерих Кизеветер (CDU). Последните двајца законодавци отворено ја поддрживаа идејаз за „неопходност од удари на руска територија“.

Германската агенција DPA пишува дека резултатот од гласањето е збунувачки, бидејќи зелените и либералите со месеци бараат од канцеларот Олаф Шолц да ги испрати овие проектили кои ќе му овозможат на Киев да гаѓа цели длабоко на руска територија.

Либералните пратеници тврдат дека гласале против бидејќи предлогот бил поврзан со годишниот извештај на парламентарниот комесар за германските вооружени сили, „што не е соодветно“, напиша Мари-Агнес Штрак-Цимерман, која сепак го поддржува испраќањето на овој тип оружје во Киев.

Камен на сопнување во однос на понудата на ракетите „Taurus“ е нивниот дострел од 500 километри. Досега Германија суштински не пренесувала оружје со такви карактеристики на украинските вооружени сили. Локалната експертска заедница дискутираше дали овие проектили може да се програмираат за да не можат да се користат за напад на руски региони.

Според Der Spiegel, токму ова прашање го интересирало канцеларот Олаф Шолц и затоа наводно се воделе преговори со претставници на германската воена индустрија.
Дополнително, во октомври минатата година, самиот Шолц изјави дека Германија треба да избегне ескалација, па затоа моментално не се размислува за испорака на ракети со долг дострел на Киев.

Москва постојано забележува дека западната воена помош не ѝ носи добро на Украина и само го продолжува конфликтот, додека транспортот со оружје станува легитимна цел на руската армија.

„Taurus“  е една од најмодерните ракети, наводно способна да уништи бункерски комплекс од голема далечина и висина. Шолц на почетокот на октомври одлучил дека засега нема да ја снабдува Украина со ова оружје, плашејќи се токму дека Украина би можела да ја цели руската територија, пренесува DPA.