Во Македонија во четвртокот ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови каде ќе бидат пообилни.
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, над 60 километри на час.
Утринските температури се движат од 3 до 8, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот од 10 до !7 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се искачи до 13-от степен.