Ѓоковиќ се соочува со здравствени проблеми кои влијаат на неговата игра

Во првите два меча од Австралија опен евидентно беше ниското ниво на игра на Новак Ѓоковиќ кој на теренот помина повеќе од седум часа што не му се случило во Мелбурн во оваа фаза од турнирот.

Многумина се прашуваат што се случува со него, а српските медиуми тврдат дека во прашање е вирус кој го мачи најдобриот светски рекет и кој не му дозволува да игра на највисоко ниво. Затоа и пред два дена го откажа тренингот и остана надвор од јавноста да се подготвува за мечот со Попирин.

Како доказ за ова, медиумите го потенцираат неговиот потег по завршувањето на мечот со Австралиецот кога на прес-конференцијата пиел топол чај што не е негова практика. Можеби среќа е тоа што пред него нема тенисери од елитниот круг, барем до почетокот на идната недела, па ќе има доволно време да заздрави и да се подготви за најтешките натпревари.