Снежното невреме во Германија заглави стотици патници на патиштата

Стотици патници останаа заглавени во своите возила на патиштата во централната германска покраина Хесен, откако снежните врнежи го прекрија автопатот, што доведе до сообраќаен метеж и колони возила кои се протегаа со километри.

Полицијата не може да процени колкав е хаосот предизвикан од снегот и до кога ќе бидат блокирани главните сообраќајници, пренесува неделникот „Билд“.

Во сојузната држава Тирингија, покрај снегот, на коловозот имаше и мраз, поради што голем број автопревозници ги одложија патувањата, а се наведува и дека состојбата со времето може да се подобри.