Светиот крст во Битола во рацете на Иван Стојановски

Иван Стојановски е најсреќниот учесник во црковната манифестација на положување на светиот крст во водата на базенот на храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола.

Меѓу педесетте момчиња и едно девојче, Стојановски беше највешт и за прв пат успеа да го фати живототворниот крст.

-Со верба во Бога успеав да го фатам крстот. Трет пат учествувам на оваа манифестација и за прв пат успеав. Со смирение и божја помош, се е лесно. Порачувам да го славиме Бога, рече Стојановски.

Младиот Стојановски доби честитки од митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар и од градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

МИА