Четворица членови на Иранската револуционерна гарда се убиени во израелски ракетен напад врз сирискиот главен град Дамаск во саботата, вклучувајќи го и шефот на разузнавачката единица во Сирија, изјави за Reuters безбедносен извор од регионалната просириска алијанса, во нападот на Израел кој се заканува да го ексалира конфликтот на Блискиот исток.
Израел, иако речиси никогаш не потврдува, од 2011 година повремено бомбардир цели наводно поврзани со Иран во Сирија чија Голанска висорамнина ја има окуоирано еврејската држава од 1967 година, но таквите активности станаа посмртоносни откако милитантите од палестинската исламистичка група Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел на 7-ми октомври.
Сириските државни медиуми објавија дека зграда во населбата Мазех во предградие на престолнината Дамаск била погодена во напад за кој се верува дека бил изведен од Израел, но не наведоа дополнителни поединости. Други локални медиуми во Сирија јавија дека експлозии се слушнале низ главниот град.
Безбедносен извор, дел од мрежата на групи блиски до сириската влада и нејзиниот клучен сојузник Иран, рекол дека повеќекатницата ја користеле ирански советници кои ја поддржуваат владата на претседателот Башар ал-Асад и била срамнета со земја од страна на „наведувани израелски ракети“.
Иранската телевизија PressTV објави дека двајца воени советници од Гардата биле убиени во израелски напад врз Дамаск.
Израел сѐ уште не го коментирал инцидентот. Израел изминатите години изведе стотици воздушни удари во Сирија гаѓајќи позиции на владините сили и на сојузничките шиитски милиции од Либан, Ирак и Иран, во прв ред на либански Хезболах. Меѓутоа, израелската војска никогаш, или многу ретко, ги потврдува таквите напади.
Израел всушност е загрижен за присуството на Иран и либанското шиитско движење Хезболах во Сирија како поддршка на претседателот Башар ал-Асад во граѓанската војна. Тел Авив како стратешка закана го доживува тоа што борците на Хезболах во сирискиот конфликт добиваат борбено искуство што може да го искористат во некој иден можен конфликт со Израе
Есам ал-Амин, шеф на болницата „Ал Мовасат“ во Дамаск, изјавил за Reuters дека неговата болница примила едно тело и три ранети лица, вклучително и една жена, по нападот во саботата.
Портпаролот на палестинската организација Исламски џихад изјави за Reuters дека во нападот нема повредени членови на нивната група, и покрај информациите на западните медиуми дека наводно нивни припадници биле во зградата која била погодена, во очигледната тенденција сунитската џихадистичка група да биде поврзана со шиитски Иран.
Двајца советници од иранската Револуционерна гарда беа убиени во ракетен напад врз Дамаск во декември, а на 25-ти декември беше убиен висок советник на гардата кој ја надгледуваше воената координација меѓу Сирија и Иран. Како одговор, Техеран минатата седмица го рактеираше центарот на израелската разузнавачка служба Мосад во курдскиот град Ербил, во северозападната автономна област Ирачки Курдистан.