
Иран во саботата објави дека успешно лансирал сателит во највисоката орбита досега, како дел од програмата за која Западот стравува дека може да ги подобри способностите на иранските балистичките проектили.
Соопштението дојде во услови на зголемени тензии на Блискиот исток поради израелската војна во палестинскта енклава Појасот Газа и неколку дена по меѓусебните воздушни напади на Иран и Пакистан.
Сателитот „Сораја“ беше ставен во орбитата на приближно 750 километри над површината на Земјата со трифазна ракета, соопшти државната новинска агенција IRNA. Лансирањето е дел од вселенската програма на Иранската револуционерна гарда и цивилната вселенска програма на Иран, наведува агенцијата без дополнителни поединости.
САД претходно тврдеа ека лансирањето на иранскиот сателит наводно ја прекршува резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации и го повикаа Техеран да не ги продолжува активностите, кои вклучуваат балистички ракети способни да носат нуклеарно оружје. Санкциите на ОН поврзани со иранската програма за балистички проектили, инаку, истекоа во октомври минатата година.
Според проценката на американската разузнавачка заедница од 2023 година, развојот на сателитски лансирање „го намалува времето потребно“ за Иран да развие интерконтинентална балистичка ракета, бидејќи се користи слична технологија.