Украинските власти предлагаат дополнителни услови за решавање на тековниот конфликт со Русија, додека претседателот Володимир Зеленски продолжува со својата таканаречена „формула за мир“, која Кремљ ја отфрли како „апсурдна“.
Конфликтот во Украина може да заврши само со „целосно ослободување“ и „обновување на нејзините граници од 1991 година“, изјави заменик-министерот за одбрана на Киев, Иван Гавриљук, за весникот Der Tagesspiegel. Само тогаш Москва и прокиевската „коалиција“ можат да потпишат документ за „создавање превентивни механизми, така што Русија никогаш нема да размислува за нова војна против Украина или која било земја во иднина“.
„Овој документ мора да го вклучи откажувањето на Русија од нуклеарното оружје, бидејќи тоа претставува закана за светот“, тврди Гавриљук.
Високиот советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаил Подолијак, изрази слична идеја, тврдејќи дека преговорите треба да се одржат само кога Москва ќе „доживее глобален пораз“, или во најмала рака серија „тактички порази“ и „внатрешни немири“ кои би ја загрозиле политичката стабилност во Русија и би ја принудиле „доброволно да се откаже од нуклеарното оружје“.
„Што е глобален пораз? Руската Федерација повеќе нема да може да доминира… нема да може да го користи правото на вето во Советот за безбедност на ОН“, објасни Подолијак. „Тогаш се можни условите за нуклеарно оружје и за бројот на носители на нуклеарно оружје, вклучително и проектили со одреден дострел, и за прекугранични тампон зони итн.“
За време на Светскиот економски форум во Давос, Зеленски уште еднаш се обиде да ја промовира својата таканаречена „формула за мир“, која меѓу другото предлага Русија да плати репарации, да ги предаде своите функционери за да се соочат со трибуналите за воени злосторства и да ги врати границите на Украина од 1991 година. Таа „формула“ претходно беше отфрлена од Кремљ како „апсурдена“, а рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го нарече трик за публицитет и „болна имагинација“.
Москва вели дека никогаш не ја затворила вратата за разговори, туку тоа го сторил Киев и сега тој ја сноси целосната одговорност за ситуацијата во која се наоѓа.
Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека шефот на украинскиот преговарачки тим неодамна признал дека Киев во еден момент бил подготвен да постигне договор со Москва – пред тогашниот британски премиер Борис Џонсон да ги убеди да продолжат да се борат.
„Зарем не се идиоти?, запраша Путин, додавајќи дека ако Украина едноставно го игнорирала Џонсон, тогаш насилството би можело одамна да заврши. „Ова само уште еднаш докажува дека тие не се независни луѓе“.
Дури и поранешниот советник на Зеленски Алексеј Арестович, неодамна призна дека Киев имал шанса да склучи мир на преговорите во Истанбул во 2022 година, но „нешто“ го промени мислењето на Зеленски, а Москва веројатно нема да му понуди на Киев никогаш повеќе такви поволни услови.