Николоски на ПС на СЕ: Ќе ги поставам прашањата за правото на употреба и настава на мајчин јазик и правото на здружување за Македонците во Бугарија, Грција и Албанија

Александар Николоски, потпретседател на групата на ЕПП и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, е во Стразбур каде што учествува во работата на зимската сесија на Парламентарното Собрание на Совет на Европа (Parliamentary Assembly of the Council of Europe).

„Денес директно ќе ги прашам тројцата кандидати за Комесар за човекови права што ќе направат за заштита на човековите права, правото на употреба и настава на мајчин јазик и правото на здружување за Македонците во Бугарија, Грција и Албанија. Од нивните одговори ќе одлучам за мојот избор“, напиша на Фејсбук Николоски и додаде:

„Исто така најавувам кандидатура за реизбор за Потпретседател на Европската Народна партија ЕПП –  EPP – European People’s Party во Совет на Европа, позиција која ја извршувам во изминативе две години.
Секогаш во борба за правата на Македонците и Македонија“.