Лавров се сомнева дека ситуацијата околу Украина би била поинаква доколку Трамп беше избран за претседател

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров не верува дека ситуацијата околу Украина би била поинаква доколку Доналд Трамп беше избран за претседател на САД, бидејќи рушењето на темелите на односите меѓу Русија и САД започна во времето на американскиот претседател Џорџ Буш.

„Не верувам дека има некаква разлика, бидејќи настојувањето да се уништат руско-американските односи, основата на овие односи, вклучувајќи ги сите договори за стратешка стабилност, паритет, меѓусебна доверба, инспекции, транспарентност и така натаму, градење доверба, сето ова почна да го уништува претседателот Буш кога му рече на рускиот претседател Владимир Путин: „Јас се откажувам од Договорот за Антибалистички ракети“, рече рускиот дипломат во интервју за Си-Би-Ес, на прашањето дали мисли дека ќе дојде до некаква промена доколку биде избран претседателот Трамп.

На 13 декември 2001 година, тогашниот американски претседател Џорџ В. Буш го извести својот руски колега за едностраното повлекување на САД од Договорот за Антибалистички ракети од 1972 година.