Преглед НБА лига: 70 коша на Ембиид во победата на Сиксерс, 62 поена на Таунс за поразот на Минесота

Вечер за паметење сигурно ќе има Џоел Ембиид, кој постигна неверојатни 70 поени во победата на неговите Филаделфија 76ерс над Сан Антонио Спарс со 133:123.

Пред Ембиид, само осум играчи имаа постигнато 70 или повеќе поени на натпревар во НБА: легендата Вилт Чембрлејн (рекордот од 100 поени во 1962 година), крилото на Лејкерс, Елгин Бејлор (1960), крилото на Денвер, Дејвид Томпсон (1978), центарот на Спарс, Дејвид Робинсон (1994), бекот на Лејкерс Коби Брајант (2006), и на крајот се тројца сѐ уште активни играчи, бекот на Феникс Девин Букер (2017) и бекот на Кливленд Донован Мичел (2023), Демијан Лилард, сега член на Бакс а тогаш на Портланд (2023).

На учинокот од 70 поени Ембиид додаде 18 скока и 5 асистенции. Кај Сан Антонио најдобар беше дебитантот Виктор Вембањама со 33 поени и седум скока.

Настапот на Ембиид им помогна на Сиксерс да ја забележат шестата последователна победа и со 29 победи и 13 порази се на третото место во Источната конференција. За разлика од нив, Спарс го претрпеа 35-от пораз сезонава, со само осум победи. Тие се последни во Западната конференција.

Милвоки Бакс ги победија на гости Детроит Пистонс со 122:113 вторпат во три дена. Јанис Адетокумбо ги предводеше Бакс со „трипл-дабл“ учинок – 31 поен, 17 скока и 10 асистенции. Крис Мидлтон додаде 26 поени, а Демијан Лилард постигна 17 поени со осум асистенции. Маркус Сасер беше најдобриот поединец на Детроит со 23 поени.

Шарлот Хорнетс во Минеаполис ги победија Минесота Тимбервулфс со 128:125, на кои не им помогнаа ниту 62 поени од Карл-Ентони Таунс, кој го промаши својот последен обид за тројка во последната секунда од регуларниот дел од натпреварот. Мајлс Бриџис постигна 28 поени за победа на гостинскиот тим, а Брендон Милер постигна 27.

Водечкиот НБА тим Бостон Селтикс на свој терен ги совладаа Далас Маверикс со 119:110, а Џејсон Тејтум постигна рекордни 39 поени и собра 11 скока за победа на својот тим. Џејлен Браун додаде 34 поени за Селтикс, додека Лука Дончиќ ги предводеше Маверикс со 33 поени, 18 скока и 13 асистенции. Далас добија 23 поени од Кајри Ирвинг и 20 поени од Тим Хардавеј Џуниор. Маверикс се доближија на само седум поени заостанување, откако Дончиќ изведе две слободни фрлања на 4,24 минути пред крајот на натпреварот, но не успеаја дополнително да го намалат заостанувањето.

Феникс Санс на домашен терен ги победија Чикаго Булс со 115:113, а за нивното славје се погрижи Кевин Дурент кој постигна кош на 1,6 секунди до крајот. Потоа, ДеМар Дерозан промаши обид за три поена со звукот на сирената. Дурент го заврши натпреварот со 43 поени, а Санс ја забележаа шестата победа во низа. Бредли Бил постигна 18 поени за Феникс, а Девин Букер додаде 16. Коби Вајт беше најдобар поединец на Булс со 26 поени, додека Дерозан постигна 21. Феникс заостануваа 23 коѓа на нешто помалку од четири минути во третата четвртина, ја намалила негативата на седум влегувајќи во последната делница и поведоа со 95:94 на нешто помалку од седум минути до крајот, благодарение на серијата на Дурант од 7:0.

Кливленд Кавалирс ги совлада Орландо Меџик со 126:99 на гости, а Џерет Ален постави рекорд во франшизата со својот 12-ти последователен дабл-дабл, постигнувајќи 14 поени и 11 скока. Паоло Банчеро го предводеше Орландо со 18 поени и шест асистенции.

Мемфис Гризлис го победија домашниот Торонто Репторс со 108:100, а Џерен Џексон Џуниор за победничкиот тим постигна 27 поени со шест украдени топки. Лук Кенард додаде 19 поени за Гризлис, кои ги загубија претходните два натпревари. Скоти Барнс имаше 22 поени, 12 скока и шест блокади за Репторс, кои загубија три последователни. Реџеј Барет додаде 29 поени и девет скока.