ВМРО ДПМНЕ се огласи со соопштение до јавноста во однос на ситуацијата со скопското јавно сообраќајно претпријатие и очигледната однапред исценирана драма од страна на градоначалничката Данела Арсовска, како и на нејзините политички партнери ГРОМ, од чии редови е и директорот на ЈСП Крсте Петревски, СДСМ, ДУИ и Левица.
Добро утро политички инструирани синдикати,
Добро утро разбојничко раководство на градот Скопје и ЈСП, владејачка градска коалицијо СДС, ДУИ и Левица:
Три месеци по изгласаните 120 милиони денари субвенции за исплата на декемвриската плата, и два дена по изгласувањето на 700 милиони денари за исплата на плати за цела година, и денес вработените во ЈСП немаат плата.
Прашање до разбојничкото раководство на градот и ЈСП, Арсовска и директорот Крсте Петревски, и коалиција СДС, ДУИ и Левица, зошто не ги барате парите кои владата ги должи на ЈСП, и зошто ЈСП нема за плати?
Каде се парите за плати?
Прашање до инструираните синдикати на ЈСП, ќе побарате ли одговори и одговорност од раководството на ЈСП и градот Скопје?, се вели во информацијата до јавноста на ВМРО ДПМНЕ.
Инаку, проблемите при изгласувањето на субвенциите во советот на град Скопје почнаа откако советниците на ВМРО ДПМНЕ реагираа дека за доделените пари на ЈСП никогаш не добиле извештај како тие биле потрошени.
Иако, врз советниците беше вршен притисок на седницата, од вработени на ЈСП, од директорот и од градоначалничката Арсовска, дека не зеле плата во сообраќајното претпијатие за декември 2023 година, и дека морало да бидат изгласани субвенциите токму поради тоа, сепак вистината е дека токму таа плата требало да им биде поделена од претходно изгласаните субвенции, а не од сегашниве, бидејќи овие пари се наменети за 2024 година.
Но, ниту Арсовска ниту директорот на ЈСП не објаснија каде се парите од претходно доделените субвенции и каде исчезнала декемвриската плата на вработените во ЈСП.