Европската иднина е клучна за граѓаните и за државата. Членството во ЕУ носи европски стандарди, повисок животен стандард на граѓаните, повеќе работни места, повисоки плати и пензии, подобро владеење на правото, уште подобро владеење на демократијата, отворен пазар од 500 милиони жители за македонските компании, пристап до европските фондови, се вели во партиското соопштение на СДСМ.
Трасиран е патот државата да биде дел од европското семејство до 2030 година, но ДПМНЕ го блокира напредокот кон членството во ЕУ. Блокадите на ДПМНЕ, се на директна штета на државата и на народот, водат во изолација и неизвесност, економско назадување, иселување на младите. ДПМНЕ не може да ја обезбеди европската иднина, не може да донесе добро за граѓаните, истакнуваат од СДСМ.