Голем пожар во Кинескиот трговски центар во Белград

Пожар изби утрово во Кинескиот трговски центар во Нов Белград, јавија локалните медиуми.

Во гаснењето на пожарот се вклучени 46 пожарникари-спасувачи со 13 возила. Вклучен е и хеликоптер на полицијата.

– Се надевам дека нема да има човечки жртви, се слушаат експлозии, се обидуваме да ги убедиме луѓето да не влегуваат за да си го спасат имотот, ситуацијата е сложена – изјави раководителот на секторот за вонредни ситуации Лука Чаушиќ.

Полицијата влегува во објектите кои не се зафатени од пожарот и ги евакуира луѓето кои се обидуваат да ја извлечат стоката надвор.

Медиумите информираат дека се слушнале и неколку експлозии, а чад го покрива тој дел од Белград.

Причината за пожарот е непозната.

Во тој трговски центар голем пожар избувна и пред повеќе од две години.