
Вчера беше одбележан Светскиот ден на артиритисот, а свое обраќање во здружението на пациенти НОРА имаше и директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова.
„Свесни сме дека Светскиот ден на артритисот е еден од најзначајните денови за пациентите со ревматолошки заболувања и истиот се прославува насекаде ширум светот. Како здравствени власти и како Фонд за здравствено осигурување на Македонија ги цениме укажувањата на нашите партнери, здруженијата на пациенти и овозможивме терапија преку условните буџети, кои се таргетирани токму за пациентите со овие заболувања. Работиме во континуитет на информираноста на граѓаните за живеењето со хроничните ревматолошки заболувања. Потребно е гласно и несебично да дадеме поддршка на лицата кои страдаат од овие заболувања.Паралелно, ја продлабочуваме соработката со Клиниката за ревматологија и со здружението на пациенти НОРА на полето на ревматскиот артритис,“ истакна Парнарџиева-Змејкова.