
САД и Ирак ќе започнат разговори за завршување на мисијата на меѓународната воена коалиција во Ирак и нејзино замена со билатерални односи, рекоа четири извори за Reuters, што е чекор напред во процесот закочен со војната во Појасот Газа.
На почетокот од јануари премиерот Шиа ал-Судани изјави дека Ирак бара брзо и на соодветен начин договорено заминување на меѓународните воени сили предводени од САД од својата територија, но тогаш крајниот рок не беше зададен. Ал-Судани ја оцени натамошната присутност на странските сили на ирачка територија како дестабилизирачки фактор, особено во контекстот на израелската војна во Појасот Газа и сѐ поизгледната можноста за прелевање на овој судир во регионот на Блискиот исток.
Амбасадорката САД во Ирак, Алина Романовски, во средата писмено му го пренела ставот на САД на ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусеин, соопштиле три извори. Со тоа, САД се откажаа од условот дека прво треба да престанат нападите на шиитските милиции со проиранска заднина врз американските сили во Ирак, додале соговорниците на Reuters.
Ирачкото Министерство за надворешни работи потврди дека добило „важно“ писмо и дека премиерот внимателно ќе го разгледа. Се очекува разговорите да траат неколку месеци, ако не и подолго, а исходот не е јасен, а не се очекува итно повлекување на американските војници.
САД велат дека нивнити сили се во советодавна мисија и дека на ирачките владини сили им помагаат да се спречи обновувањето на Исламската држава. Во Ирак, исто така, има стотици војници од европските земји како дел од меѓународната коалиција предводена од САД, формирана со цел да се бори против Исламската држава.
Американските трупи се нападнати најмалку 70 пати во Ирак и во Сирија од почетокот на војната во Газа. Американската војска во Ирак има бази сега со 2.500 војници по инвазијата во оваа земја во 2003 година, а во Сирија има десетина бази со сега 900 војници во североисточниот дел каде со инвазијата по 2011 година ги држи под окупација најбогатите сириски наоѓалишта на нафта и непречено незаконски ги експлоатира. Сирија и Турција изминатите години ги обвинија САД дека во базите на сириската територија ги обучува припадниците на Исламската држава и на Работничката партија на Курдистан (PKK) кои подоцна изведуваат терористички напади во двете земји.
Американското повлекување од Ирак го загрижува Вашинготн поради влијанието на деценискиот непријател на САД – Иран врз шиитското мнозинство во Ирак. По странската инвазија врз Ирак предводена од САД во 2003 година, сунитските џихадистички групации извршуваа големи удари врз шиитското мнозинство, што го зајакна само влијанието на шиитските милиции и политичари кои се наклонети кон Иран. Покрај тоа, не треба да се заборави дека ирачкиот премиер ал-Судани има само ограничена контрола над некои шиитски фракции, чијашто поддршка му беше неопходна да дојде на власт пред една година, а кои сочинуваат моќен политички блок во неговата владејачка коалиција.
Ирак, втората најголема членка на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC), е меѓу пожестоките критичари на израелската војна во Појасот Газа, но исто така повторува дека нападите на вооружените групации врз странските сили и дипломатски мисии во Ирак се незаконски, како и дека се спротивни на интересите на земјата. Ирак тврди дека уапсил некои сторители и дека спречил некои напади. Меѓутоа, официјален Багдад жестоко ги осуди американските целени убиства и напади врз вооружените милиции како сериозно повредување на ирачкиот суверенитет.
Вашингтон критикува дека тие групации, меѓу кои се Катаеб Хезболах и Харакет Хезболах ал-Нујаба, наводно го злоупотребуваат својот статус ленови на Народните мобилизациски сили (PMF), која заедно со доброволечките шиитски единции од Иран го понесоа најголемиот товар во копнените операции кога во ноември 2017 година беше поразена ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава, кои сега се државните безбедностни сили, како параван. САД тврдат дека кога овие групи ги напаѓаат американските бази, тоа го прават надвор од командниот синџир на ирачката војска и под знаметоа на Исламскиот отпор во Ирак, а потоа кога Вашинтгот ќе возврати своите загуби ги претставуваат како припадници на PMF.
Премеирот ал-Судани, сепак, смета дека повеќе нема причини за присуство на странските трупи во Ирак, бидејќи Исламската држава е поразена, како и дека земјата сега е способна самата да се брани од тероризмот, но дека е отворен за воспоставување на билатералните односи и соработката во областа на безбедноста, вклучително и обуката и советувањето на ирачктие сили за безбедност, како и купувањето на оружје.
Ал-Судани со оваа иницијатива сака да воспостави некакава привидна рамнотежа со САД, имајќи предвид дека во Багдат уште од 2015 година функционира регионален безбедносен центар кој го координира Русија, како и дека откако минатите години Вашингтон одбиваше на Багдад да му продаде борбени воздухоплови, ирачките власти се свртија кон договори со Москва.
„САД не се нашиот непријател, не сме во војна со Соединетите држави, но доколку тензиите продолжат, тие сигурно ќе имаат последици и ќе се создаде јаз во нашиот однос“, рече ал-Судани пред две седмици.