Бајден побара од Конгресoт на САД „без одлагање“ да ја одобри продажбата на „F-16“ на Турција

Американскиот претседател Џо Бајден во средата испратил писмо до челниците на клучните комитетите на Капитол Хил во кое ги информира за неговата намера да започне формален процес за продажба на борбените авиони од типот „F-16“ на производителот „Lockheed Martin“ на Турција штом Анкара ќе го доврши процесот на ратификација на пристапувањето на Шведска во НАТО, пишува во четвртокот агенцијата Reuters.

Во писмото до највисоките републикански и демократски членови на Комитетот за надворешни работи на Сенатот и Претставничкиот дом, Бајден побарал продажбата да биде одобрена „без одлагање“, рекол за агенцијате неименуван американски функционер.

Белата куќа испрати писмо до членовите на Конгресот во средата во кое бара одобрение за продажба на бордбените авиони „F-16# и опрема за модернизација на оние коишто веќе ги поседува Турција, изјавиле за Reuters четири извори запознаени со писмото.

Турскиот парламент во вторникот ја ратификуваше кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, отстранувајќи ја големата пречка за проширувањето на западната воена алијанса по 20-месечно одложување.

Доцнењето на Турција со одобрувањето на ратификацијата, меѓу другото, беше во корелација и со одбивањето на дел од американските конгресмени да дадат одобрение за договорот за испоракта на борбените авиони, што датира уште пред периодот кога Шведска го поднесе барањето за приеми во НАТО. По инсиститерање на претседателот Бајден, американските конгресмени рекоа дека чекаат одобрение од Турција за членството на Шведска во НАТО, вклучително и потписот на претседателот Таип Ердоган, пред да одлучат дали да ја одобрат продажбата.

Белата куќа не одговорила на барањето за коментар од агенцијата Reuters.

Американскиот Стејт департмент, исто така, во средата ја повика Анкара официјално да ја финализира шведската ратификација на НАТО. За да го направи тоа, Ердоган треба да го потпише законот, кој потоа ќе биде објавен во турскиот службен весник. Документот за пристапување на Шведска треба да биде испратен и до Вашингтон. Стејт департментот одби да обезбеди точна временска рамка за формалниот процес на известување за продажбата на „F-16“.

„Претседателот Бајден и (државниот) секретар (Ентони) Блинкен многу јасно ја кажаа нашата поддршка за модернизација на турската флота F-16, која ја гледаме како клучна инвестиција во интероперабилноста на НАТО. Но, надвор од тоа… едноставно нема да потврдам или избрзајте со предложените одбранбени продажби или трансфери додека тие не бидат официјално известени до Конгресот“, рече заменик портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател на брифинг со новинарите.

Во октомври 2021 година, Турција побара купување на ловци „F-16“ на „Lockheed Martin“ и речиси 80 комплети за модернизирање на постојните борбени авиони по цена од 20 милијарди долари.

Шведска и Финска аплицираа за влез во НАТО, по децениската само декларативна воена неутралност и континуираното тесна воена соработка со западниот воен блок, коиристејќи ја како изговори Русија инвазија во Украина во февруари 2022 година. Додека Финска стана членка на алијансата минатата година, кандидатурата на Шведска беше блокирана од Турција и Унгарија, поради односот на Стокхолм кон овие две земји, а Анкара бараше од шведските власти гаранции дека нема да им пружа политички азил на лицата кои ги бараат турските судови по обвиненија за тероризам.