
Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во планирана работна посета на Калининград, руска ексклава која се граничи со членките на НАТО Полска и Литванија, објавија во четвртокот руските новински агенции, според кои шефот на државата разговаа со учениците по повод рускиот Ден на студентите.
Агенциите го цитираат портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој рече дека „милитаристичките изјави“ кои доаѓаат од балтичките земји претставуваат ризик за Калининград. Песков истакна дека намерата на посетата на Путин не била да се испрати порака до НАТО.
„Злосторствата на режимот во Киев треба да бидат предмет на меѓународна истрага“, изјави во продолжение на редовниот брифинг со новинарите Песков кометирајќи ја изјавата на украинскиот претеседател Володомир Зеленски за потребата од „покренување меѓународна истрага“ за падот на рускиот воен транспортен авион „Ил-76“, кој превезуваше заробени украински војници.
„Доколку тој мисли на меѓународна истрага за криминалните дејствија на режимот во Киев, тоа е дефинитивно неопходно“, рече Песков, цитиран од агенцијата РИА.
Истовремено во четвртокот, новинската агенција ТАСС, повикувајќи се на итните служби, објави дека на местото на падот на соборенито рускиот воен транспоортен авион во регионот на Белгород се пронајдени фрагменти од нешто што личи на проектил, објави во четвртокот без дополнителни поединости.
Беше објавено и дека двете ткн „црни кутии“ од авионот „Ил-76“ со заробени припадници на Вооружените сили на Украина (АФУ) се пронајдени и предадени на истражителите. На 26 јануари тие ќе бидат испорачани со специјален лет до Москва за дешифрирање. Освен тоа, на местото на авионската несреќа биле пронајдени фрагменти, најверојатно од ракета.
Рускиот авион „Ил-76“, кој ги превезувал украинските воени заробеници, бил соборен од американски противвоздушен ракетен систем „Patriot“, објави во четвртокот француското радио France Info, цитирајќи неименуван француски воен извор.
„Соборениот ‘Ил-76’ беше соборен од батерија за воздушна одбрана ‘Patriot’ од американско производство, која беше во служба на украинската армија“, се додава во информацијата на радиото.
Руското Министерство за надворешни работи потсети дека веднаш по падот на авионот „Ил-76“ во Киев „победнички прогалси успех“, тврдејќи дека тоа е дело на „храбрите вооружени сили на Украина“. „Меѓутоа, штом се дозна дека во авионот имало украински воен персонал кој бил транспортиран до локацијата за размена (на заробениците), реториката на Киев се промени. Почнаа да ја негираат нивната вмешаност во катастрофата“, нагласуваат од руската дипломатија
„Нападот врз авионот беше намерна и свесна акција“, истакнуваат од руското Минситерство за надворешни работи.
Русија соопшти дека Украина соборила авион со украински 65 воени заробеници за размена, за што Киев бил известен, како и дека вториот транспоретен авион, исто така, со другите десетици украински заробеници по инцидентот бил скршнат од рутата.
Откако првични украинските медиуми објавија вест на интернет дека противвоздупните сили собориле руски авион а потоа ја повлекоа веста, официјален Киев дава контроверзни изјави во кои ниту потврдува, ниту демантира дека го соборила тој авион.
Киев тврди дека не добил ниту писмено ниту усно барање од Русија за обезбедување на воздушниот простор околу областа Белгород каде што е соборен рускиот воен транспортен авион, изјави за Радио Свобода портпаролот на украинската воена разузнавачка служба Андриј Јусов. Според него, Киев „нема доволно докази за да верува во тоа“.
„За жал, можеме да претпоставиме различни сценарија, вклучително и провокација, како и употреба на украински затвореници како жив штит за транспорт на муниција и оружје за системите С-300“, рече тој.