Дарија Трепова осудена на 27 години затвор за терористичкиот напад во кој беше убиен воениот рускиот воен Татарски

Судот во Санкт Петербург денеска ја осуди Дарија Трепова на 27 години затвор, обвинета за терористичкиот напад во кафуле во Санкт Петербург, во кој беше убиен рускиот воен дописник Максим Фомин, попознат по прекарот Владлен Татарски, а беа повредени 32 лица.

Дмитриј Касинцев, кој помогнал да се скрие Трепова по терористичкиот напад на 2 април минатата година, е осуден на една година и девет месеци затвор.

Трепова беше обвинета за терористички напад, како и за „незаконско стекнување, складирање, носење и транспортирање експлозивни материи и експлозивни направи“.