Малдини презадоволен од младиот Де Шилјо

Паоло Малдини, еден од најдобрите одбрамбени играчи во последните неколку децении, е импресиониран од играта на Матија Де Шилјо.

Легендата на Милан верува дека Де Шилјо може да стане врвен игра , истакнувајќи ја способноста на овој бек да ги совлада сите проблеми на теренот.

Де Шиљо е стандарден лев бек на Милан, позиција со која се прослави и на која Малдини играше 21 сезона.

„Матија Де Шилјо ќе стане врвен фудбалер. Иако е млад, веќе зад себе има многу настапи во серија А и во интернационалните мечеви. Добро е што е во репрезентацијата. Тешки моменти им се случуваат на сите, тоа е дел од созревањето на млада личност. Се чини дека тој секогаш ги совладува задачите на најдобар начин.“ – рече Малдини.

21-годишниот бек кариерата ја започна во младинскиот тим Милан, а за сениорскиот состав дебитираше на 19-годишна возраст. Нешто слично како Малдини.

„Тој напредуваше од младиот до првиот тим во еден комплициран период за Милан. Денес е многу тешко да се концентрираат на младите играчи отколку кога играв јас. Делумно затоа што денес е незамисливо да се види 16-годишен како стандарден првотимец во Италија“ – рече Малдини.