Швајцарија повеќе не е неутрална земја и води отворено антируска национална безбедносна стратегија, посочи министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.
Највисокиот дипломат на Москва ова го изјави по средбата во Њујорк со неговиот швајцарски колега Игнацио Касис, кој понуди да служи како посредник меѓу Москва и Киев.
Русија постојано инсистираше на тоа дека останува отворена за мировни преговори со Украина, се додека се земат предвид нејзините национални интереси, а Киев ја признае „новата реалност на теренот“. Москва инсистира Киев да ги признае четирите региони кои ѝ се приклучија на Русија по серијата референдуми во 2022 година.
Киев, сепак, не сака да се вклучи во мировни преговори, а претседателот Володимир Зеленски дури потпиша закон со кој се забрануваат преговори со Москва додека Владимир Путин е претседател.
Говорејќи на прес-конференција во Обединетите нации во средата, Лавров изјави дека за време на неговата средба со Касис, швајцарскиот министер за надворешни работи се обидел да го убеди дека Швајцарија може „како што правеше во минатото, да служи како посредник за секое прашање“.
„Му објаснив дека посредникот мора да биде неутрален“, рече Лавров, посочувајќи на фактот дека „Швајцарија претходно беше позната не само по својата воена неутралност, туку и неутралност во поширока смисла, што и овозможи успешно да биде домаќин на различни преговарачки процеси.“
Иако официјално не е членка на ниту еден меѓународен блок, како што се ЕУ или НАТО, Швајцарија сепак се приклучи на речиси сите западни санкции наметнати на Москва, ги замрзна нејзините средства во вредност од милијарди долари и активно го поддржа Киев по започнувањето на руската офанзива во Украина во 2022 година.
И портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, исто така истакна дека мировните иницијативи кои доаѓаат од земјите кои активно и помагаат на Украина се „манипулативни“.
„Таквите псевдо-иницијативи и лажни изјави се дизајнирани да создадат чувство на некаква активност насочена кон мир, додека истовремено, снабдувањето со оружје продолжува како и поделбата на буџетите во потрага по начини за поддршка на режимот во Киев“, рече таа.
Захарова истакна дека ако Швајцарија сака нејзините предлози да изгледаат искрени, треба „да престане да испраќа оружје и да поттикнува конфликт“ во Украина. Таа понатаму изјави дека не може да се зборува за мировни иницијативи кои се обидуваат да го искористат Киев за да и нанесат „стратешки пораз“ на Русија.