
Фудбалерите на Атлетико Мадрид се пласираа во полуфиналето на шпанскиот национален куп, во последниот четвртфинален натпревар на домашен терен ја победија Севиља со 1:0 (0:0).
Подобрата игра и иницијативата Атлетико ја материјализираше во 79. минута кога Мемфис Депај ја затресе мрежата на гостите. Во првото полувреме Гризман не реализираше пенал за домашните, се лизна во моментот на ударот и топката заврши високо над голот.
Претходно во полуфиналето се пласираа Реал Сосиедад, Атлетик Билбао и Мајорка, а полуфиналните двојки ќе бидат одредени со жрепка во петок.
Во полуфиналето ќе се играат два натпревара, а термините се 7-ми и 28-ми февруари.
Финалето треба да се одигра на 6-ти април во Севиља.