Сончево со мала до умерена облачност

На територијата на Македонија во петокот ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност.

Во западните делови на земјата ќе биде претежно сончево и тивко. Во источните, пак,  сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец.

Утринските температури се движат од минус 6 до 4, додека во текот на денот ќе соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 6 и 15 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Темпратурата ќе достигне до 10 степени.