По информациите што излегоа во јавноста дека познатиот српски пејач Ѓорге Давид ја напуштил Македонија, со демант се јави Основното јавно обвинителство Куманово, од каде велат дека мерките кои се определени кон странскиот државјанин уште се во сила.
– Во согласност со информациите што ги има Обвинителството до овој момент, тој не ја напуштил државата и утрово се јавил во судот како што му е определено. Резултатите од наредените вештачења неопходни за да се расчистат причините за сообраќајната несреќа сè уште не се пристигнати до Обвинителството, велат од таму.
Како што знае јавноста во собраќајна несреќа во близина на граничниот премин Табановце најпрвин се судриле два автомобил и „фолксваген поло“, со кумановска регистрација, и „фолксваген голф“, со скопски регистарски таблички. До судирот дошло кога возачот на еден од автомобилите влегол на автопатот во спротивна насока.
Од автомобилот излегла сопатничката од возилото со кумановска регистрација и во тој момент на неа налетал автомобил „опел инсигнија“, со српски регистарски таблички во сопственост на српскиот пејач Ѓорѓе Давид каде удрил директно во неа при што од ударот жената починала.